Во Македонската филхармонија, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, синоќа се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата на Македонија, заедно со оркестарот на вооружените сили на Романија.

-Искрени честитки за одличниот настап и врвната професионалност на музичарите од заедничкиот оркестар на македонската и романската Армија, како и до сите учесници кои придонесоа овој културен настан да биде на високо уметничко ниво. Посебна благодарност и признание до македонските солисти и артисти за маестралната интерпретација на безвременски и патриотски композиции, со кои на особен начин ја збогатија концертната програма, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Министерство за одбрана

Тој додава дека музиката не’ сплотува и не потсетува на заедничките вредности кои не’ обединуваат.