Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на тоа што се случува во здравството.
– Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството. Но, затоа е успешна во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ со која беа опфатени 93 проценти од децата до 14 годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година, изнесувал 6.8 проценти , а во 2017 година е намален на 1.9 проценти. Ова го призна и самиот министер Венко Филипче, се вели во соопштението од опозициската партија.
Оваа мерка, се вели натаму во реакцијата, како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството, така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните, од областа на здравствената заштита.
– Филипче и СДСМ ги признаа и потврдија успешните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и здравствената заштита. Филипче и СДСМ денес покажаа дека оваа Влада нема ништо сработено од областа на здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, тврди најголемата опозициска партија.