Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Раѓањето Христово – Божик.

Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржува во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде се одржува божикна полноќна света литургија.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Фото: Архива