Фудбалерите на Јувентус со синоќешната победа од 2:0 на гости против Пиза се искачија на третото место во Серија А (32 бода), но со два натпревара повеќе од конкурентите. Ова беше трета победа во низа „црно-белите“ од Торино. Пиза која остана на една победа е претпоследна на табелата со 11 бодови.

До победата Јувентус стигна со двата гола во завршницата на натпреварот. Водство донесе Пиер Калулу во 73 минута, додека конечните 2:0 ги постави Кенан Јилдиз во 90+2 минута.

Лидер на табелата е Интер со 33 бодови, кој вечерва гостува кај Аталанта, додека второпласираниот Милан (32 бода) денеска ја пречекува Верона. Наполи на нашиот Елиф Елмас е на четвртото место на табелата и својот дуел денеска го игра од 15 часот на гости кај Кремонезе.

ФОТО: ФК Јувентус