Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.

Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.

-Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија, рече министерката Јаневска.

Годинава ќе има два вида на државна матура. Во стручната прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот, а во државната како и досега ќе бидат исти.
Децата од средно стручно училиште ќе можат да полагаат и државна матура ако не планираат да продолжат на факултет во струката која ја учеле.