Американскиот претседател Доналд Трамп му испрати писмо на унгарскиот премиер Виктор Орбан во кое му посакува „среќа“ во неговата кампања за реизбор.

Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата во Унгарија и рече дека неговиот тим ќе остане во контакт во врска со распоредот на посетата, објави унгарскиот весник „Мајар Немзет“.

Тој го пофали лидерството на Орбан, истакнувајќи ја неговата доследност во застапувањето на верата, семејството и суверенитетот.

Изборите во Унгарија се очекуваат во април.