СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што ја пренесуваме интегрално.
Кога во нивно време тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција и по „дифолт’“ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки што се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Го прашуваме СДС дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека им се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




