Денеска јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, а тоа е би рекол преку една плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една дебата би рекол која што морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, изјави денеска по лидерската средба премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски истакна дека за дел од отворените прашања се има исто мислење и дека средбата била конструктивна.
Голем дел од отворените прашања се отворија. За дел од, би рекол за поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење, имаме заеднички јазик, за еден нормално позициите ни се разликуваат. Но, она кое што за мене важно е преку една ваква дискусија во која што сите чинители на оваа лидерска средба кои што беа присутни кажаа јавно пред вас новинарите и македонската јавност дека истата била конструктивна, истакна премиерот.
Македонските граѓани во овој период на празници можеше да види едно поинакво однесување од политичките чинители, здрело и конструктивно однесување кое што значи надминување на проблемите, рече меѓудругото премиерот Мицкоски.
-За мене како организатор и претседател на владата претставува задоволство, затоа што македонската јавност, македонските граѓани во овој период на празници можеше да види едно поинакво однесување од политичките чинители. Едно здрело, конструктивно однесување кое што значи надминување на проблемите а не создавање на проблеми, рече премиерот во своето излагање.




