Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршен одбор, се вели во соопштението од партијата, што го пренесува интегрално со потсетување дека сега опозициската партија обвинува токму за она што го правеше додека беше на власт.

За тие што се со кратко паметење, потсетување дека СДСМ открива нешто што тие го смислија уште пред повеќе години. Тоа за што сега обвинува опозициската СДСМ, владејачката СДСМ го воведе додека беше на власт. Тогашниот нивни вицепремиер Фатмир Битиќи го оправдуваше и нашироко ја образлагаше потребата од тоа. Во продолжение целото денешно соопштение од прес конференцијата:

Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата донела одлука да се носат 10.000 странски „економски работници“.

Тоа што се подготвуваше сега започна.

Најпрво владата склучи „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми.

Во декември британските медиуми објавија и дека согласно овој договор мигрантите би имале можност да добијат работни визи во Македонија за работа во сектори со недостиг на работна сила.

Потоа власта го смени Законот за странци, ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија.

Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има „стратешки партнер“.

Кога темата се крена власта донесе Резолуција во Собранието – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.

Ни доаѓаат „економски работници“.

Фото: СДСМ Центар за комуникации со јавноста