По седницата на Советот за национална безбедност, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференција најави дека намерата на државата е да победи во најтешките форми на криминалот и корупцијата: “Криминалците, државата ќе ве прегази! Ќе ве згазиме!”
Вучиќ најави борба на пет нивоа и драконски казни за сторителите на кривични дела, вклучувајќи и доживотен затвор.
Тој, исто така, најави и измена на казнената политика, особено за кривичните дела насилничко однесување и силување, педофилијата, убиствата на деца и трговијата со оружје и наркотици.
“Борбата ќе трае со години, ќе биде тешка, но ние ќе ги прегазиме криминалците”, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека ќе се воведе доживотен затвор за оние што извршиле најтешки кривични дела – повеќекратни убиства и убиства на деца.
Вучиќ истакна дека само државите на Балканот, „Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија немаат казна доживотен затвор додека европските земји имаат.“
“Сега сакаме и ние да имаме построги казни. Ние брзаме кон европските стандарди и ќе ги зголемиме казните бидејќи не сакаме да им падне на ум тука да се убиваат”, рече претседателот Вучиќ.
Минималните и максималните казни за сите кривични престапи кои вклучуваат насилничко однесување, од семејно насилство до убиство, ќе се зголемат за 35 до 50 проценти.
Казната за силување ќе биде од 5 до 15 години, без можност за олеснување на казната и никој нема да може да добие помалку од пет години казна, најави Вучиќ.
За семејно насилство, минималната казна ќе биде една година затвор, кажа Вучиќ.
За еден месец ќе почнеме сè да менуваме во Србија, рече Вучиќ, додавјќи дека борбата против криминалот ќе трае со години.
Според него, за производство и трговија со наркотици, повеќето од криминалците добивале казна испод законскиот минимум,т.е под шест месеци.
“Изрекнувањата на казни од над пет години стана исклучок,речиси да ги нема“, рече Вучиќ.
Тој оцени вчерашната акција од страна на полицијата и обвинителството ја покажало намерата на државата, не само да се соочи со најопасните видови на криминал во Србија, туку и овој криминал, како и најтешките форми на корупција, да се победат.