Во СДСМ секојдневно докажуваат дека функционираат како расштиман оркестар. Денеска од партијата до медиумите пристигна најава со грешка, за вонредно обраќање на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, пишува Курир.

Никој немаше да замери што за денешната сабота напишале дека е среда, но бргу пристигна и корегирана најава во која помисливме дека го виделе календарот и се вратиле во викенд-реалноста, па го пишале точниот ден. Тоа не се случи. Напротив, тие пратија и грешна корекција на грешката. И направија уште понеодговорен потег.

Имено, денот среда не беше заменет со сабота, туку вонредното обраќање преместено за 15 минути порано.

Така, дел од медиумите кои не им се по „мерак и мерка“, нема да успеат да стигнат да го проследат обраќањето кое беше толку итно и вонредно, што не успеаја ни како што треба да го најават.

Успеаја само да стане смешно уште пред да започне.