Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека ќе се реализира ветувањето за завршување на автопатот Кичево-Охрид на кој како што вели се работи интензивно и се користат современи техники за да се стабилизираат косините.
– Да, тоа е ветување и така ќе биде, не можам да ги предвидам временските услови, дали декември, дали ќе завршиме во март, тоа е опсегот заради временските услови и е прашање на Господ и на време, но ветувањето коешто го дадовме ќе го реализираме, изјави Николоски по учеството на одбележувањето на празникот Водици во Охрид.
Ниолоски посочи дека 14 од 16 косини се стабилизирани и оти до напролет три галерии ќе бидат завршени целосно.
– За свлечиштата отидовме со решение кое според мене би требало да се направи уште кога почна да се работи овој проект. За жал, немаше проекти, немаше геолошки и геотехнички истражувања. Сега се направија. Има проекти за 16 свлечишта од кои 14 ги стаблиизраме, најголем дел се со галерии, едната кај село Извор евеќе готова, втората почнува да се работи. Очекувам до пролетта веќе три да се целосно завршени. Најголем проблем е кај село Ботум, цела планина буквално се спушта таму, таму ќе одиме со стаблизации кои ќе одат внатре во земја, ќе се спуштаме во земја 14 до 21 метар со техники кои се модерни, најнови во инжинерскиот систем. Ветивме дека ќе го завршиме атопатот и ќе го завршие без разлика на се што треба да се направи, изјави Николоски.
Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите
фото: архива




