Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 12 до минус 2, а максималните ќе достигнат од минус 2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус 7, а максималните ќе достигнат до 6 степени.
Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Утринските температури во земјава се значително ниски, при што во Берово се измерени -11 степени целзиусови. Следат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со -10 степени, Скопје-Петровец со -9, а -8 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип термометрите покажаа -7 степени.
Највисока снежна покривка утрово до 7 часот има на Попова Шапка – 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.
Фото: архива




