Сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон – Брижит Макрон ги покажа своите ди-џејски вештини и танцувачки движења на забава во „Дизниленд“, организирана за младите пациенти од тамошната болница и нивните семејства. Снимките од настанот ја покажаа г-ѓа Макрон како свири „буги-вуги“ и врти диџејски сет пред околу 300 деца и нивните семејства во тематскиот парк во Париз.
Француската прва дама, инаку позната по својата љубов кон музиката и танцувањето, просто, му ги презеде грамофоните на ди-џејот Сем Ван додека одеше ремикс на евергрин-песната „Forever Young“ на германскиот музички состав „Алфавил“. Таа се движеше и се смееше, охрабрувајќи ги оние напред да танцуваат заедно неа. Настанот беше дел од годишната добротворен настан на којшто се обираат средства за болнички потфати низ цела Франција, пренесува „Дејли мејл“.
До неа танцуваше Дидие Дешам – менаџер на француската фудбалска репрезентација, која го освои Светското првенство. Тој е долгогодишен покровител на добротворната организација, додека г-ѓа Макрон е претседателка.
Фото: архива




