Вилијам МАКИС, онколог кој има клиника во Канада во која лечи канцер со антипаразитски лекови

Млади жени вакцинирани против КОВИД развиваат исклучително агресивни форми на рак на дојка. Станува збор за жени во своите 20-ти, 30-ти и 40-ти години, кои по примањето на вакцините против КОВИД-19 од Фајзер или Модерна развиваат рак во трета или четврта фаза. Ова е појава што досега не сме ја виделе. Оваа појава се нарекува „турбо рак“.

Јас детално сум ја обработувал оваа тема. Имам напишано повеќе од 50 статии за турбо ракот. Медицинските установи негираат дека ова се случува. Медиумите исто така го негираа ова сè до неодамна, во изминатите две недели. Медиумите во Соединетите Американски Држави, Канада и Обединетото Кралство конечно признаваат дека постои нагло зголемување на бројот на случаи на млади жени кои развиваат исклучително агресивни карциноми на дојка и дека овој тренд е во пораст.