Слабаци, предавници, криминалци во служба на ВМРО. Ова се мизерните квалификативи, клевети и серија навреди кои денеска СДС ги упати кон своите сопартјци Шилегов и Деспотовски. На ред е Ивор, а на почек и стенд-бај се ругањата со Шиповиќ, Куновска, Георгиев и армијата други критичари. Вистината боли, а ако не верувате, прашајте го Филипче, пишува Курир.
Очебијно, „новите дечки“ од Бихаќка забораваат дека ароганцијата, самобендисаноста и неприфаќањето критика се последното засолниште на неспособните. На СДС во случајов. По серија изборни дебакли и еден куп афери на врхушката, најголем дел на „лидерот“ Венко, СДС со дрва и камења удри по сопствените сопартијци кои, замисли, се дрзнаа да му го пореметат мирот на безгрешниот Филипче и колеричката му екипа и со сиот ум му укажаа на серијата глупости кои во низа и ко „навиени“ ги штанцаат на Бихаќка.
Дезаевизацијата на партијата, очебијно, не е така лесна, а новопечениот неимар од Дубаи ни под разно не сака да отстапи преку оставка на својот втор чувар на тронот. Ќе корне, кубе, каса и ќе стори се’. Знае пустиот Црпко, дека каде и да е, доаѓа времето кога некој ќе треба да го брани пред судските органи. Истото тоа го знае и Филипче, кому е јасно ко ден дека е многу поефектно да се браниш од кривични пријави за арамилак како лидер на партија, отколку како обичен партиец. Тогаш и така, блиските врски со другарчето и соимател на златна виза за Дубаи Заев, само ќе му шкодат. Иако, тоа истото му го прават/шкодат минатите 8 години…
И така, пи-арџиите на СДС кои напати наликуваат на бесни кутриња одврзани од ланец и под силно дејство на иљачот на Јон, денеска распалија по критичарите Шилегов и Деспотовски. Замисли, тоа да ти биле криминалци кои ВМРО ги ставило во погон да го каљаат ангелчето Венко, кое со ништо не заслужило таков однос од реланите сопартијци.
„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството. Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?
ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.
СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.
Ќе се избориме со сите напади.
Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО.
Сите ќе одговарате.“
Во последната Фројдовска реченица се крие и причината за ваквиот паничен и крајно-безвезен однос на оксиморонските субмисивни агресивци од СДС. Да, СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРАТЕ.
Пораката преку булингот и ругањето со Петре и Јован е назнака за дејствување до сите партијци во СДС и е повеќе од јасна: „Не се осмелувајте ни на крај памет да го критикувате Венко, ќе ве расчеречиме со партијски соопштенија и пресови, ќе ве направиме бербат и парам-парче, предавници, криминалци, слабаци, мивки, ороспии, гниди, продадени души, арамии, гилиптари, апаши и се’ што треба. Нека ви е јасно – Филипче е секогаш во право, тој е најумен, најубав, најчесен и безгрешен!“
Гарант, не ни гледаат колку е гол, бос башка…
Следен, по Шилегов, Деспотовски и Шиповиќ, Куновска и Георгиев на кои не успејаа да им најдат (читај измислат) криминал, е поранешниот член на ИО на СДСМ Ивор Мицкоски, кој јасно им порача:
„Вакво арогантно, клановско, трибално, депотенцирано, искаљано, криминално и криминогено, тесно и финансиски зависно, просто и некултурно, караџиско, а испразнето од секаква политичка тежина и цел, освен личниот спас од кривична одговорност – е вакво штетно раководство, некогаш најголемата опозициска партија СДСМ не памети во својата историја.Престанете да испишувате црни страници, да одработувате за тесни интереси и да ѝ правите услуга на власта.
И помирете се со фактот дека со вас нема иднина ни партијата, ни државата.
Секој ден повеќе со вас е ден изгубен, за нешто да се подобри во Македонија.“
Кој знае што криминал сторил пустиот Ивор за да лошото ВМРО го врбува и него, нели? На потег е „остроумниот“ и патетичен српски тим на СДС да смисли каде тој згрешил, а Јон да го преведе напишаното. Венко е задолжен за читање, во улога на партиски спикер. Богданка, пак, се правела болна, за да не ги чита глупостите срочени кај северниот ни сосед. Фани Сорос и Ана „Сите ве мразам“ Чупевска биле во тимот само за да му ракоплескаат на Филипче од партиските трибини и да плукаат по противниците, а Жерновски бил рамо за плачење по пресот, кога медиумите ќе го расшамарале „лидерот“ за кажаните урнебесни глупоштии. Фрчко Стариот бил курирот и емитер на заповедите од Заев од Дубаи. И толку. Тоа е тој лузерски тим со кој СДС во 6-та ита кон историското буниште.
Аирлија…
Извор: Курир




