Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО немаат решенија, ниту одговори на проблемите со кои седејдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покриваат со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на нивната портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.

Зад грбот на народот течат криминални тендери, а пред очите на граѓаните кујните на ВМРО им сервираат измислени афери, црни кампањи и јавен линч врз опозицијата.

Ова е хронологија на политиката на ВМРО за дефокус само во последните два месеца.

Пред два месеца СДСМ формира антикорупциски тим и почна со објавување нови бомби, нови докази за корупциски скандали со тендери на коалицијата ВМРО – ЗНАМ.

161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца врабоени, основана пред една година, 51 тендер во општините, 1,2 милиони евра преку „Пошта“ за фрима блиска до ЗНАМ. Големи скандали на тендер-коалицијата.

Во тој период стиигна потврда на инфромацијата дека поради корупцски скандал со ИПАРД 3-програмата, ЕУ ги блокирала средствата. Скандал тежок 130 милиони евра, со уапсен директор од ВМРО за проневера на еврпски пари.

Веднаш почна дефокусот на ВМРО и кујните со лажни обвинувања, замислете дека Заев, Филипче и Николовски дозволиле пченица од државните стокови резерви да биде незаконски продавана.

Во првата половина на декември британските медиуми објавија информации дека постои договор за носење мигранти за пари во Македонија.

По овие вести, штанцањето теми за дефокус отидоа до плафон, дефокусот стана единствена политика на ВМРО.

Зграда во Дубаи од 42 ката, Сент Мориц, Венеција, што ли уште не смислија.

Ќе објават лажна вест за зграда во Дубаи, а во заднина ќе протуркаат декрет во Собранието за замолчување на опозицијата.

Ќе објавуваат нова измислица за Венеција, а во заднина се протнува закон за странци како вовед во носењето мигранти, односно „економски работници“.

Дури го нападнаа и СДСМ, договорено и координирано, пред конгрес.

Па сè до последниот пример. Сите да се занимаваат со лажните вести на ТВ „Алфа“  и црната кампања на ВМРО против претседателот Филипче додека се увезуваат 10.000 „економски работници“.

Над 200 текста дневно, кои секојдневно се објвауваат.

Кучињата лаат – карванот си врви.

Нема одговори за ниедно прашање од интерес на граѓаните.

Нема одговор зошто нема зголемување на платите, нема одговор за тоа што недостигаат 2 милијарди евра во буџетот.

Нема одговор ниту за криминалните тендери, ниту за Алта банка, за прославите на Стоилковиќ со „ноќните волци“ на Путин.

Нема одговор ниту за „економските работници“.

Има само дефокус.

Сега веќе сите во Македонија знаат: секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е ДЕФОКУС.

Секогаш кога ќе излезе текст од кујните на ВМРО, се случува уште една пљачка зад грбот на народот.

Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ