Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците го изразуваат своето незадоволство од висината на платите.

Тие испратија барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите други плати за сто евра.

На протестот има присуство на голем број работници, а има и припадници на полицијата.

Во центарот на Скопје има посебен сообраќаен режим.

Протестот потоа продолжи пред Собранието, од каде претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека ќе поднесат закон за намалување на платите на функционерите, а за зголемување на тие на работниците.

Ако не се зголеми минималната плата, доаѓаме по вашите плати – порача тоj на фукционерите.
Посочи и дека функционерските плати се од даноците што ги плаќаат работниците.

Се очекува протестот да продолжи пред Владата, од каде работниците ќе ги повторат своите барања.

Протестот наиде на поддршка од опозицискиот Социјалдеемократски сојуз (СДСМ) и од Левица.