Изминатите 7-8 години, СДС, заедно со неговиот коалициски партнер ДУИ, го контаминира правосудството инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и во судството. Од Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн., СДС и ДУИ го урнисаа правосудството, кое има 2 отсто доверба од граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го објавуваме интегрално.

Функционерите на СДС и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција не беа викани ниту на разговори ниту беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за такво нешто.

Така што, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата.