Втор ден по ред СДС шири весела датумска математика со која вадејќи ги работите од контекст шири бизарен дефокус од  истрагата која обвинителството ја отвори за рекетот на нивниот претседател Филипче и вистинскиот лидер Заев врз д-р Жан Митрев, пишува Курир.

Конструкцијата има редица дупки, но тоа не ги спречува патолошките лажговци од Бихаќка како расипана плоча да верглаат дека – замислете: Кедев демек дал оставка поради отворениот случај против Венко и Зоран, давајќи им со тоа поддршка?! Да не е тажно, патетично и трагично, би било комично, но не и за пиарџиите од СДС, кои срочија:

„Оставката на Кедев е доставена во Министерството за здравство на 23 јануари. Само два дена претходно, на 21 јануари, Обвинителството отвора предмет, наводно „по допрен глас“, врз основа на клеветничките изјави на Жан Митрев против претседателот Филипче.“

Тешка геостратешка грешка, би рекол рекетарот од Дубаи. Статива, би рекла јавноста. Тешка утка со датумите, потешка здравје.

Некој, за промена, можеше да ги информира Јон Шмрчко и Ана Ве мразам сите, најверојатните творци на хејтерските и неповрзани соопштенија, дека веста за отворената истрага против Заев и Филипче за рекетот врз Митрев излезе/протече во јавноста дури вечерта на 28-ми јануари, цели ПЕТ дена по доставената оставка на Кедев на позицијата советник, акт кој нема врска со мега-аферата на раководството на СДС. Може да им кажат и дека Кедев беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата во 2004-та. Дека е патриот. И ред други работи.

Немајќи како да ги исперат лидерот во сенка и октроираниот чувар на тронот, СДС повторно навлегоа во некои матни води, преполни со инфантилни иснинуации, преотпоставки и срцепарателни теории на заговор. А свесни се, дека дуетот златновизашки рекетари (како што ги нарекуваат по соц. мрежите) не може ни Вардар да ги испере, не па работи ставени во смешен контекст под дејство на психотропни супстанци, единственото логично оправдување за стихијноста, нелогичностите, неповрзаноста на наративите и скокањето од тема на тема во урнебесните соопштенија.

Во превод, аман „намалете со тоа иљачот на Шмрчко“, како што одамна топло им препорачуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Извор: Курир