СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и кон директорот на телевизијата „Канал 5“ од бугарски државјани, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Говорот на омраза, заканите и навредите се недозволиви, претставуваат атака врз целата новинарска професија, слободата на говорот и слободата на информирање, кои се европски вредности.
Ги повикуваме институциите да реагираат и да ги преземат сите мерки за санкционирање.
Фото: Архива




