Венко Филипче денеска оддржа срцепарателна прес-конференција на која откри како државата да ја зголемела минималната плата на цифра од 600 евра, пишува Курир.

Во новиот инфантилен популистички атак врз сетилата на македонските граѓани, ликот за кого ЈО истражува можна вмешаност во рекет врз Жан Митрев, излезе со урнебесна прикаска на неговите забегани пи-аровци, кои многу денови смислувале ваков мизерен план за платите за кои додека тие беа на власт, не им се ни слушаше.

„Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците.

Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата,“ кажа дел од богатото искуство со Заев надобудниот „лидер“ на СДС.

Филипче пресметал 120 милиони евра плус за 600 евра миниумална плата? Курир најде доволно средства и за 900, па и 1000 евра минималец. Дозволете, да направиме друга пресметка од нивната, со сосема друг извор на пари, реалеа, за разлика од нивните индолентни инсинуации:

Од Онкологија во негово време се украдени 36 милиони евра, плус 2 милиони од Лотарија на Македонија, од еден случај во ЕСМ 8 милиони евра, ФИТР скоро 4 милиони евра, 130 илјади евра од џипот на Венко и 500.000 за златната виза, некое милионче од станот во Дубаи, ген-сековите Рашковски и Мухи  – многу милиони евра, Димова 2.5 милиони евра, Боки и Катица 8 милиони евра, Заев за Мамас грант 1,4 милиони евра, Заев од Глобал 8 милиони евра, Вице од јагленот 9 милиони евра (над 70 милиони до сега се собраа), од Поткуп кој знае колку и на крај Карпушевски и Ковачевски со 160 милини евра со фиктивните сметки од ЕСМ и канцероген мазут . Има уште мнооогу криминал од нивно време, но да останеме само на ова.

Упс, испаднаа 230 милиони евра, а Филипче бара саде 120  милини за 600 евра? Курир дојде до формула како да се зголеми минималната плата на 900 евра. Само горенаведените арамии да ги вратат украдените пари од државата, ништо повеќе.

Во останатите 50 случаи во фиоките кои ги криеше Коцевски, ќе има средства и за обезбедени 1.000 евра за следната деценија и повеќе. Сакате да се кладиме?

Од друга страна, граѓаните го упатија Венко во Дубаи, и таму велат имало за минимум ДЕСЕТ ГОДИНИ минималец кај неговиот стопан од Муртино. Многу ката имал пустиот облакодер, башка во бугарските банки и ковчежиња.

Реалните, пак, ги упатија на дијалогот меѓу синдикатите и Владата, муабет за кој нивниот Трендафилов имал налог од СДС и Венко да го одбегнува?!

Извор: Курир