Со своја марихуана по глава. Ова е најкусиот и најпластичен опис на промашениот пи-ар на СДС, кои повторно самите се насанкаа во обид да бидат „интересни“ и видливи. Не ви треба вештачка интелигенција за да лоцирате нечија природна глупост, аздис и лекоумност, ниту да бидете Ајнштајн за да сфатите што се случува, пишува Курир.
Најголемата заплена од 18 тони марихуана е направена во Струмица. Потеклото на онаа десет-тонската во ОХИС, исто така наведувало кон нечии плантажи од југот на државата. Арно ама, цела Македонија многу добро знае чии се плантажите за демек „медицински“ канабис во струмичко, валандовско и околијата. Кој стопанисува со нив од самиот почеток на македонската заевистичка марихуанска прикаска. Која сите знаеја дека нема да заврши со хепи-енд. Јавна тајна беше дека и онаа што се фаќаше во Грчец и Арачиново „протекуваше“ од таму, исто како што сите многу добро знаеа дека мега-акцијата која ЗЗ ја активираше за медициски канабис нема да заврши со примена во медицината, туку на улиците. И, се случи она што сите го очекуваа, затоа што никој во државата одамна „не пие нафта“. Нити заборава како златна рипка – ајде, да се потестиме, кој беше толку запнат за легализација на Марихуаната? Заев ли се презиваше? Фамилијата му имаше ли плантажи? Сакаше ли со европско знаменце да го смени законот за канабис? Или пак лажеме, како да сме од Бихаќка?
Арно ама, ова деновиве беше буквално СО СВОЈА МАРИХУАНА ПО ГЛАВА, како и што пишувавме и најавивме пред една недела кога СДС започна небулозни прес-конференции и соопштенија на оваа, за нив поразителна тема. Темата канабис. И сега, шу прајме?
Е, сега нема да ја поздрават најголемата заплена на марихуана во историјата, сега ќе се навраќаат на српската, та како минала, те кој ја пуштил, кој го тоа дозволил, те ВМРО било криво, те пак до Груевски стигнаа… И како расипана плоча ќе верглаат, дефокусираат, манипулират, сушат-лажат и спинуваат:
„Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија.
Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан?“ пишаа остроумните стартези, кои се дозаглавија во политикантската и шпекулантска тиња во која самите се навасаа. Та, да им кажеше некој кој господари со „марата“ во МКД?
Не се „секирајте“, нови дечки од СДС, има кој да се грижи и за 5-те тони фатени во Србија, исто како што тие истите беа повод за акцијата во кои се фатија нови 27 тони во Македонија. Сега, за промена и ваша жал, имаме некорумпирана држава и систем кои и покрај сите желби, напори и усилби – не успејавте да ги разурнете и девастирате целосно. Северн таксират, со гајди да ве жалат. Да бевте вие на власт, ќе си врвеше марата без проблем, мазно како и што си врвеше 7 години наназад, А Трајче едикојси и компанија ќе трлаа тоа рачињата,
Ве боли заради инволвираните кои каде и да е ќе излезат на виделина. И не, нема да биде политички реваншизам што се фатени со рацете во марата, ќе биде криминал, без усул. Јасно е, знаеме дека ви е жал што ќе ја снема од македонските улици и ќе биде потешко достапна за консументите. Не, не инсинуираме ништо, ова не е поради тоа што имате деклариран зависник од кокаин во врвното партиско тело, никако, „сачувај Боже“, глупости. За финансиерите се работи, за Трајче и братучедите на неимарот од Дубаи. За греота, ќе мора пустите да си ги затворат плантажите.
Искрено, мислевте дека ова вечно ќе трае, дека нема да одговарате за сиот криминал и понижувања? Дека некој вечно ќе ве заштитува? Таков чадор, до сега не измислиле, таква вечна и непоцеплива церада не постои… Туку, ќе се врати ли Заев од Дубаи, каде сосема случајно, немаме договор за екстрадиција? Онака, за другарче прашуваме…- пишува Курир.
Извор: Курир




