Обвинителите на СЈО се прегрупираа и удрија по екс обвинителката Лејла Кадриу која изнесе дузина неправилности во нивното работење, непримерно однесување кое беше јавна тајна во Македонија. По Гаврил Бубевски, се јави и Елизабета Јосифовка. И таа ќе тужела. Исто како и Заев и Филипче, кои ќе тужат други личности.

Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување кон Бубевски и Јосифовска, извиканите обвинители од СЈО на Катица Јанева.

„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, вели Кадриу.

Во меѓувреме, во јавноста се посилни се повиците државата конечно, да се справи со овој дел од македонската правосудна историја, црно петно наречено СЈО, вистински резил за обвинителството.

Истото што го кажа Лејла го кажаа и Мустафа Хајрулахи и Јово Цветановски, сите почитувани како обвинители со реноме, и сите тројца веќе не се дел од ЈО на Република Македонија.