Податоците на Институтот за статстика – ИНСТАТ, покажуваат дека „белата чума“ и понатаму коси во Албанија, што се потврдува со фактот дека минатата година се родени 21.425 бебиња, што е за 1885 или 8,1 отсто помалку отколку во 2024 година.
Доколку се направи споредба со почетокот на ’90- тите години од минатиот век, кога годишно се регистрирале по над 82 илјади раѓања, ова претставува намалување од околу 74 отсто.
– Експертите оценуваат дека главните фактори што го поттикнале овој тренд се прогресивното стареење на населението, при што просечната возраст достигнува 44,3 години, и намалувањето на стапката на фертилитет на само 1,21 дете по жена. Оваа промена во семејниот модел, во комбинација со иселувањето на репродуктивната сила кон ЕУ, ја ставила земјата пред егзистенцијален предизвик, објави веснкот „Монитор“.
Според официјалната статистика, најпогоден е округот Пашкопеја, со пад од 20,4 отсто, каде претходната година имало 1.095 раѓања а минатата 872. По него следува Корча, регион кој се соочува со драстично намалување од 18,5 отсто, регистрирајќи 218 раѓања помалку отколку во 2024 година.
Дури и економски важните региони, како што се Фиер, Елбасан, Валона и Драч, забележале двоцифрен пад. Тирана останува регион со најголем број раѓања, но и главниот град претрпел мал пад од 2 отсто.
Бројките јасно покажуваат дека Албанија влегува во критична демографска фаза, која бара итни политики за ограничување на падот на плодноста и гарантирање на одржливоста на земјата во наредните децении.
Фото: принтскрин




