Венко Филипче во друштво на Тони Котев сопственикот на илегалната дрога, нема скандал ниту криминал а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Откако со денови СДС растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви вистината излезе на виделина.

Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа.

Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале.

Фотографијата покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегална марихуана.

СДС и Венко Филипче наместо да шират лаги и да ја манипулираат јавноста да кажат зошто се толку потресени и водат жолчна кампања околу запленетите над 30 тони дрога?

Дали кланот Заеви и Филипче се вмешани па затоа СДС се исплашени?

Дали токму поради тоа во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?

Нема скандал, криминал и корупција а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче.

ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30те тони запленети дрога.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ