„Ако немаат за леб, нека јадат колачи“ велеше жената по која Бисера Стојческа го доби прекарот Антоанета. Таа, пак, сега вели дека имало пари за 600 евра минимална плата. Народот пак и’ кажа дека ако нејзините сопартијци (од Дубаи и други светски локации) ги вратат украдените пари од 7-годишното владеење (читај арамилак), ќе има и за 800 евра минимална плата. Поверојатно и за 1.000, пишува Курир во својата анализа.
„Има мерки со кои Владата, ако сака, може да им помогне на работодавачите и на бизнис-заедницата полесно. Но, наместо тоа, сведоци сме како се користат етикети кон синдикалните претставници кои ги бараат своите права“, потенцираше вчера , давајќи јасна поддршка ССМ и Трендафилов пратеничката и екс министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за национална телевизија.
Прв ваква поддршка за Слободан Трендафилов даде Венко Филипче (познат како Кралот Зајдисонце, за СДС), ја нарече „максимална поддршка“, иако на дело не беше така – му испрати премалку луѓе на минатиот протест, само 25 на блокада при законски минимум од 21 лице за да биде законска. Затоа, Трендафилов е приморан следниот протест да го направи во неработен ден, затоа што есдесовците од скара ќе дошле на протест во поголем број. Вториот ешалон од таму оп-директ во кафеана, за да се залие „битката за работнички права“.
Инаку, Бисера позната како Антоанета е најпозната по аферата со трошење народни пари без усул додека беше минситерка за култура. Сега, во опозиција се заинтересира и за работничките пари.
Бисера Антоанета“ е името на аферата што ја покрена ВМРО-ДПМНЕ пред година и половина за луксузните трошоци направени на државен трошок од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, за време на нејзино четиридневно патување во Лондон.
Пратеникот Лефков тогаш приложи сметка за купен куфер „Samsonite Crossover 9.7“ од 59 фунти. Сметката е со нејзин потпис и е доставена лично од „Бисера Антоанета“ до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата.
Бисера Антоанета куферите ги купила на 26 октомври 2023 година и тоа се гледа од сметката каде како купувач е запишана таа, на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.
Следната сметка, од 219 фунти е за поголемиот куфер „Samsonite Upscape spiner“. На оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и се гледа дека шопингот го направила на 26 октомври 2023 година.
– Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25 октомври, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25 октомври воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета го однела во Министерството за култура, со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис – нагласи Лефков.
Тој ја приложи и сметката од „Gift Galore London“, од 89 фунти, од каде „Бисера Антоанета“ си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.

– „Бисера Антоанета“, на лагите ѝ се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното. Имај трпение Антоанета, ова е само почеток, утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси – и порача тогаш Лефков.
Позната останува и по чаламското шеткање по фармерчиња и патичиња на гробот на Исус Христос во Ерусалим.

ССМ пак е познато по силната и јавна поддршка за избори на СДСМ во 2002-та година, потоа и на силната поддршка за Референдумот за името. Сега се познати како „прва пушка“ на СДС за да направат привид дека нешто не „штима“ во државата. По Муратовски, Димовски, по него Трендафилов, кој е октроиран на позиција од Тренчевска, „втората пушка“ на Венко. Трета му е Јон Шмрчко.
Долговите, „кад-тад“ мора да се вратат.
„Кад-тад“ да ти било сега…

Извор: Курир




