Поранешниот голман на парагвајската репрезентација, Хозе Луис Чилаверт, го поддржа напаѓачот на Бенфика, Џанлука Престијани, кој беше критикуван поради расистичкиот скандал со фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, за време на натпревар од Лигата на шампионите.

Бразилецот тврдеше дека Престијани го нарекол „мајмун“.

– Килијан Мбапе зборува за вредности и сè тоа, но живее со трансвестит (во 2022 година, италијанските медиуми објавија дека Мбапе бил во врска со трансродовиот модел Инес). Тоа не е нормално. Секој може да прави што сака во животот, но мажот да живее со трансвестит е ненормално. За тоа постојат жените. Престијани треба да биде заштитен. Зошто да го казнуваат? Ако е казнет, ​​тоа би значело дека геј заедницата, лезбејките и ЛГБТК+ луѓето се модели на улоги, што е неправда. Мажите играат фудбал, порано си кажувавме секакви работи еден на друг. Од појавата на видео, микрофони и сè тоа, фудбалот стана некако женствен, изјави Хозе Луис Чилаверт на „Radio Rivadivia“.

На натпреварот Бенфика – Реал во вторникот, Винисиус постигна гол и отиде во аголот на теренот да танцува. Португалските навивачи ова го сфатија како провокација и почнаа да фрлат разни предмети кон Бразилецот. Потоа дојде до кошкање и меѓу некои фудбалери на теренот, како и до вербален конфликт Винисиус – Престијани. Во еден момент Аргентинецот со дресот си ја покри устата, а неколку секунди потоа Винисус видно вознемирен се стрча кон судијата каде се поажли на расистичка навреда, а потоа го напушти теренот по што дојде до 10-минутен прекин.