На американскиот добитник на Нобелова награда, кој ја откри структурата на ДНК, му се одземени почесните титули, откако во новиот документарен филм покажа дека не се откажал од своите расистички ставови.
Џејмс Вотсон, кој заедно со Френсис Крик ја откри структурата на ДНК во 50-тите години на минатиот век, во документарецот вели дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата меѓу белците и црнците.
Cold Spring Harbour (CSHL), предводена од Вотсон од 1968 до 1993 година, коментарот на 90-годишниот поранешен шеф го нарече „срамен”.
Лабораторијата соопшти дека „недвосмислено ги отфрла неоснованите и безобѕирните лични ставови на д-р Џејмс Д. Вотсон”, додавајќи дека неговите изјави се „за секоја осуда и дека немаат никаква врска со науката”.
„Лабораторијата ја осудува злоупотребата на науката со цел да се оправдаат предрасудите”, стои во соопштението на CSHL.
Вотсон во британскиот весник „Сандеј Тајмс” во 2007 година изјави дека е „длабоко загрижен за иднината на Африка”, бидејќи „сите наши социјални политики се засноваат на фактот дека нивната интелигенција е како нашата, додека истражувањата го покажува спротивното”.
На предавање во 2000 година, Вотсон јасно стави до знаење дека постои врска помеѓу телесната тежина и амбициозните луѓе, како и помеѓу бојата на кожата и сексуалната вештина.
„Затоа латиноамериканците се добри љубовници”, изјави Вотсон, информираат луѓе кои биле на предавањето. „Никогаш не сте слушнале за англиски љубовник, само за „англиски пациент “.
Во британскиот документарен филм од 2003 година, добитникот на Нобеловата награда во 1962 година, сугерираше дека глупавоста е генетско заболување кое треба да се лекува.