Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце.
– Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.
Рано утринава на граничниот премин Блаце беше приведен екс вицепремиерот во владата на СДС и ДУИ, Артан Груби.
Тој се гони за проневера во служба во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.




