Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа, кој е обврзан на соработка до 30 јуни 2019 година, сака да добие нов договор, зголемен за 100.000 фунти седмично повеќе од актуелниот.
Според „Мирор“ 28-годишниот фудбалер кој добива 200 илјади фунти неделно, охрабрен од одличните изданија сака да дојде до поголема плата.
Од друга страна Манчестер јунајтед очајно се обидува да го задржи во своите редови шпанскиот голман, но досега преговорите не донесоа резултати.
Претходно беше објавено дека Де Геа е внимателно следен од ПСЖ и Јувентус.
Тој на „Олд Трафорд“ е од 2011 година. Оваа сезона одигра 27 натпревари и прими 34 гола.