Долго време опозициската СДСМ ја возеше јавноста со „мигранти за пари“, потоа летаа соопштенија и прес-конференции за „антикорупцсикиот тим на Филипче“, па потоа не повозија со некупениот владин авион, како што тие се возеа со „мерцедесот“ за кој дадоа беса дека ќе го продадат за купување комбиња за брза помош и…
Непланирано во нивните партиски приказни за возењето со запленетата марихуана влета апсењето на нивниот долгогодишен коалиционен партнер, екс вицепремерот Артан Груби. Не провозија со притворот на првиот вицепремиер во владите на Зоран Заев и СДСМ и правната држава и еве денеска пак не возат со авионот за кој премерот Христијан Мицкоски кажа дека нема да биде набавен.
Во продолжение денешната партиска приказна од СДСМ преку нивното соопштение кое го објавуваме од збор до збор:
Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години.
Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати.
Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има.
фото: Архива




