„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, пишува и претскажува, најверојатно од Дубаи, самоуверениот Зоран Заев (никој не знае каде е ), дали повторно по навика од периодот кога беше премиер прејудицирајќи финален резултат на судски процеси, пишува во својата анализа Курир.

Лоша „традиција“ која му останала на екс премиерот кој зборуваше за „распупено судство“ и кој самиот тврди дека е црпнат од нива. Најверојатно од атарот на Муртино.

Оваа реченица со која се реанимираат старите лоши навики од времето на владеењето со државата се дел од пусулчето/статусот на ФБ во кое поранешниот премиер и според многумина сегашен лидер од сенка на СДС обелодени дека преку својот адвокат Горан Заев покренал тужба за „навреда на угледот и честа“ против Жан Митрев и Бране Петрушевски. Дали ова е порака „во шише“ и ФБ обланда до струмичките судии, кои ќе решаваат за судбината на Петрушевски и Митрев? Не ли е ова неусптилен притисок врз судството од човекот кој „пали и гаси“ по Струмичко?

Историјата вели дека Заев како премиер беше исто така честопати  „убеден“ и ѓоамити Баба Ванѓа претскажуваше епилози на судски процеси. тврдеше дека епилогот на судскиот процес за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности ќе испрател порака дека никој нема право да ги крши изборните процеси.

“На крај е вториот по значење случај според мене, а тоа е “Титаник” заради изборите. Тие се врв на демократијата и пораката и тука ќе се испрати согласно доказите сум убеден. Да не му текне на никој повеќе да ги крши изборните процеси”, изјави тогаш „судијата“ Заев.

Како премиерот Заев знае детали околу судските процеси е нејасно. Неговото предвидување за тоа како ќе заврши случајот „Титаник“не се случува прв пат. Убеден дека јавноста ќе биде задоволна од судска пресуда беше и непосредно пред судењето на Мијалков кој беше обвинет во случајот “Таргет – Тврдина“.

“Ќе почекаме во петок дали ќе има пресуда. Сите викаат ќе видиме дали има договор дали ќе го осудат или не. Апсолутно не. тоа само по себе покажува дека Зоран заев ниту е судија ниту е обвинител, ниту е шеф на судство ниту е шеф на обвинителство”, се излета повторно Заев.

Сомнежите дека Владата се меша во судството во јавноста се наметнаа и по изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  кој исто така неколку дена пред судењето, кажа дека со  пресудата ќе биле расчистени сите дилеми за тоа дали имало политички договор. По овие, и други слични изјави,експертите постојано критикуваат дека претставниците на владата буквално го погазуваа принципот на поделба на власта. Според нив беше недозволиво Заев да ги контролира правосудните органи, потези кои консеквентно негативно се одразија и во извештаите на европската комисија за македонското судство.

Извор: Курир