По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе.
На неговиот фејсбук-профил Мицкоски објави дека бил во традиционална посета на Свети Николе по повод овој ден кој, како што вели, секогаш носи посебна атмосфера, исполнета со вера, традиција и заедништво.

-Тодорова сабота е длабоко вкоренета во нашата култура и претставува симбол на почит кон обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација, напиша Мицкоски на Фејсбук.




