Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија.




