Инцидент пред малку се случил кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.
Од МВР потврдија за двете жртви, а неофицијално станува збор две лица кои паднале од балкон.
Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата се на терен, а засега не се познати причините за инцидентот и од каков карактер е истиот.
На терен е излезено и Обвинителството, неофицијално дознаваме од наши извори.




