Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) синоќа соопшти дека има „целосна контрола“ врз Ормускиот теснец, стратешка транзитна точка за глобална трговија со нафта на влезот во Персискиот Залив, објавија француските медиуми.
„Во моментов, Ормускиот теснец е под целосна контрола на поморските сили на Исламската Република“, изјави Мохамад Акбарзаде, висок командант во поморските сили на Револуционерната гарда, цитиран од новинската агенција Фарс.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека бродовите на американската морнарица би можеле да ги придружуваат танкерите со нафта низ теснецот „доколку е потребно“, објавија француските медиуми.
САД и Израел за време на викендот започнаа заедничка воена операција против Иран, а како одговор на тоа иранските сили започнаа напади на израелска територија и врз американските воени бази во Персискиот Залив.
Претходно вчера, ИРГЦ соопшти дека погодила втор американски систем за воздушна одбрана на голема надморска височина (THAAD), објави иранската новинска агенција ИРНА.




