Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постои или дека постоел договор меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти.
Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакна дека британската влада ниту водела преговори со македонските власти на оваа тема, ниту пак има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за Владата во Скопје.
„Таков договор не постои и никогаш не постоел“, нагласи британскиот амбасадор, отфрлајќи ги шпекулациите во јавноста за можен договор за прифаќање мигранти.
Изјавата доаѓа во период кога во јавниот простор се појавија различни тврдења и политички реакции околу наводни разговори меѓу Обединетото Кралство и Македонија за евентуално прифаќање мигранти.
Според Лосон, позицијата на британската влада останува јасна – соработка со партнерите се гради преку заемна согласност и без наметнување решенија.




