Сведок на судењето на Жоакин „Ел Чапо“ Гузман во САД изјави дека на американските власти претходно им рекол оти обвинетиот мексикански наркобос платил 100 милиони долари мито на мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.

Алекс Сифуентес, долгогодишен близок соработник тоа го кажал за време на информативен разговор на еден од адвокатите на Гузман на сојузен суд во Бруклин. Запрашан дали на американските власти во 2016 година им рекол дека Гузман го подмитил поранешниот претседател, тој одговорил: Да, тоа е точно.

Пења Нието беше претседател на Мексико од 2012 до 2018 година. Претходно беше гувернер на сојузна држава во која е и Мексико Сити.

На Гузман (61) му се суди од лани. Во 2017 година беше екстрадиран во САД каде го товарат дека како шеф на картелот Синалоа шверцувал кокаин, хероин и друг вид дрога во државата. И други сведоци на судењето зборувале за подмитување на највисоки ниво на мексиканските власти.