Европската Комисија поточно кабинетот на еврокомесарката за проширивање Марта Кос го демантира високиот функционер на СДСМ Андреј Жерновски кој вчера на прес конференција изјави дека Кос мислела на Македонија кога зборувала за токсично руско влијание и тројански коњи кај земјите кандидати.

Од кабинетот на Кос за expres.mk велат дека изјавата на Кос не се однесува на Македонија туку таа зборува генерално за сите кандидати во смисла на постоење на силна и отпорна демократија.

Expres.mk го праша кабинетот на Кос дали изјавата на Кос се однесува конкретно на Македонија, на други конкретни земји, на сите земји кандидати или и на земји кои не се кандидати.

Одговорот од кабинетот на Кос укажува дека Жерновски лаже и измислува кога вели дека пораката на Кос се однесува на Македонија.

Жерновски вчера на прес конфернција рече дека во изјавата на Кос јасно пишувало што се случува во однос на патот на Македонија кон Европската унија.

Жерновски ја цитираше кос во делот: ,,Мора да бидете отпорни на токсично влијание од Русија и другите и нема да дозволиме тројански коњи во Европската унија” и заклучи дека дека Кос и се обраќа директно на Македонија.

Според Жерновски изјавата не се однесува на други земји или и на други земји туку исклучиво на Македонција што според кабинетот на Кос е лага.

„Граѓаните мора да знаат дека оваа порака се однесува на нашата земја, за жал”, рече Жерновски по што доби ондирелтен демант од Европската комисија.

На Жерновски не му е прв пат јавно да лаже.

Од низата негови гафови најинтресена беше неговата лага кога лани во септември објави дека претседателката Сиљановска-Давкова се сликала со восочна фигура на претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија.

Откако беше фатен во лагата тој ја избриша лажната но никогаш не се извини за објавената лага.

Дали сега Жерновски ќе се извини за лагата според која Кос зборувала конкретно за Македонија е прашање на чест и морал.

Целата изјава со најновата лага на Жерновски во видеото на СДСМ