Корупцијата доведе до трагедијата во Кочани, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус“. Филипче посочи дека токму поради корупција падна настрешницата во Нов Сад во Србија а во Кочани исто поради корупција се случи трагедија во која 63 млади лица го загубија животот.

„Еднаш реков дека Србија има натстрешница, а Македонија Кочани. Она што најмногу е заедничко е корупцијата! Корупцијата што ја водат ВМРО и СНС. Таа корупција доведе до паѓање на натстрешницата во Нови Сад, а изгледа дека истото доведе и до трагедијата во Кочани“рече Филипче.

Тој додаде дека наместо одговорност и искрена помош, Мицкоски исто како и Вучиќ, од трагедијата направи ПР.

„Ако се сеќавате, Вучиќ одеше во болница со голем број камери и ја снима посетата на повредените. Замислете повредени што се на стерилни одделенија, без право на посета за да не дојде до инфекција, а тој носи цела свита заради својата кампања. Веднаш потоа Мицкоски го направи истото. Дали се свесни дека можеле да им го загрозат животот на тие пациенти? До каде оди и што ризикуваат, само заради кампања?“, посочи Филиче.

Во интервјуто Филипче нагласи дека државата со ВМРО на власт „киксна“ на секое поле.

„Овде нема држава, овде има криминална организирана група – ВМРО“, рече Филипче.

Филипче: Обвинувањата на ВМРО се лажни вести

Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА  и обвинувањата од ВМРО поврзани со  името на државата, стои во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

„Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна партија како ВМРО“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочува дека тоа што го покажува документот на ЦИА, говори дека Киро Глигоров, како и СДСМ, секогаш мислеле на Македонија.

„Секогаш сме биле чувари на државноста. Во секоја ситуација што ја покажува сериозноста и државноста на СДСМ, а ВМРО  измислува како да го обезвредни тоа. Така е и со ова“, рече Филипче.

Тој додаде дека постои уште еден документ на ЦИА што ВМРО  не го споменуваат, а се однесува на атентатот на поранешниот претседател Глигоров.

„Верувам дека многумина имале можност да го видат. Излезе во исто време кога и овој, само што ВМРО преку медиумите го презентира селективно, како и секогаш. Во тој документ пишува кој учествувал во атентатот врз Киро Глигоров. Можете да погодувате. Па, секако, ВМРО“, рече Филипче.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Фото: Архива