Вицепремиерот Александар Николоски во реплика на пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска ја обвини претходната власт дека го контролира правосудството и ги штити партиски кадри.
-Претходниот обвинител доби година и пол, ставаше случаи во фиока, не решаваше предмети, не постапуваше и ги штитеше вашите пријатели од поранешното раководство на СДСМ. Кога зборуваме за контрола, сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Струмица, од Зоран Заев, изјави Николоски.
Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.
-Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари, рече Николоски.
Во репликата, тој изнесе и тврдења дека постоеле обиди за, како што рече, политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ: „Оваа што е генерален секретар на НАТО (Радмила Шекеринска) целта и беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“, потести вицепремиерот Николоски.
Фото: Архива




