Политичкиот театар на СДС и ССМ заврши во еден чин. Фијаското на протестот викендов, покажа дека вистинските работници не се дел од ССМ, таму се луѓе кои СДС ги облече во синдикални, а некои и во партиски маички, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Дистанцирањето од вистинските предизвици со кои се соочуваат работниците, на Трендафилов и ССМ добро им прилега и затоа шуруваат со СДС.

Трендафилов и ССМ бараат се што СДС ќе им напише на ливче. Затоа молчеа и не ги поздравија колективните договори на Владата со други синдикати со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.

Нула колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС.

Се додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Архива