Владата денеска напладне одржува седница на која ќе бидат донесени мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

Курир дознава дека Владата ќе прогласи кризна состојба поради цените со бензините.

-Владата реагира откако проценката е дека по најновите скокови на светската нафтена берза би требало да се зголеми дизелот уште за над 10 денари по литар, а безоловниот за 6 денари. Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и мерки против поскапување на струјата, брифираа за Курир.

Денес има вонредна владина седница и ќе се донесат мерки по што премиерот Мицкоски ќе одржи прес конференција.