ВМРО-ДПМНЕ на сите католички верници им го честита големиот христијански празник Христово Воскресение-Велигден. Велигден е симбол на надежта, обновата и победата на животот над смртта, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Овој празник не потсетува дека во моменти на предизвици потребни се единство, солидарност и стабилност како вистински вредности врз кои се гради просперитетна држава.
Нека празникот на Христовото Воскресение ви донесе здравје, мир, љубов и надеж. Во духот на заедништвото, солидарноста и почитта, да продолжиме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе има достоинствен и подобар живот.
Овој христијански празник нека донесе радост во вашите срца и благосостојба во вашите домови. Нека воскресението биде симбол на нов почеток, сила и верба за подобро утре.
Нека е за многу години големиот празник!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!




