Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска напладне ја посети општина Шуто Оризари. На Меѓународниот ден на Ромите, премиерот Мицкоски присуствуваше на почнувањето на реконструкцијата на улицата „Брсјачка буна“, каде одговараше на новонарски прашања за тоа што Македонија ќе довие од соработките и средби со Заменик Државен Секретар на САД Кристодер Ландау.

-Многу е важно што сме таму на супер високо ниво, практично господинот Ландау е вториот човек на Стејтдепартменот и тој ја предводи американската делегација, тој е заменик на државениот секретар на САД Марко Рубио. Во текот на вчерашниот ден се отворија многу теми од областа на одбраната, дигиталната трансформација, од областа на енергетиката, безбедноста се разбира. Според тоа што можете и вие да го видите самиот Стејтдепартмент, Белата куќа, господинот Ландау јасно ја потенцираат улогата на нашата држава во рамките на нашето партнерство, дека станува збор за рамноправни партнери, дека ериозно го ценат она што ние го правиме како држава и во рамките на НАТО и во рамките на други меѓународни организации. Добро е да се спомене и фактот дека ние сме првата држава од Европа има ваков стратешки дијалог на вакво стратешко ниво. Ние имаме усогласена заедничка изјава кога стнува збор за царинските тарифи, истата е потврдена, потврдени се и други инвестиции кои што допрва ќе следат, така што сега сме чекор поблиску во нашите билатерални односи со САД како нивен стратешки партнер во регионот, изјави премиерот Мицкоски.