Венко Филипче денеска запраша зошто Владата не ги прифаќала мерките на СДС? Нејсе што вистинското рпашање е зошто тие не го намалија горивото преку ДДВ и акциза во корона-кризата, кога минималната и просечната плата беа многу пониски, а цената на дизелот достигна неверојатни 107.5 денари, но најдобар коментар на кажаното во „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“ е она што го виде GMAIL.

IT LOOKS LIKЕ THIS MESSAGE IS ON CORSICAN, пиша GMAIL на соопштението на СДС за сроченото од Венко. Односно – ИЗГЛЕДА ДЕКА ОВАА ПОРАКА Е НА КОРЗИКАНСКИ.

Инаку, Корзиканскиот е романски јазик кој се состои од континуум на тоскански дијалекти што се зборуваат на медитеранскиот остров Корзика, територија на Франција, и во северните региони на островот Сардинија, автономен регион на Италија.

Во овој случај, освен што Венко гарант бил на некоја журка со Заев на Корзика, тој сигурно нема абер од овој јазик. Во превод, Gmail вели дека Филипче зборува марсовски, мандарински или некој јазик на Шошоните или Ирокезите, поверојатно Апачите, затоа што е близок до апашите од СДС. Шега на страна, но Gmail „убоде“, ама здраво.

И сосема во право е Google, чиј сервис е GMAIL, за Македонците оваа порака е на „корзикански“.

Никој нормален не разбира што сака да постигне и каже Заев Трети (Втори е Таче) со некакви си сугестии за економски мерки. Ова е јазикот на СДС, корзикански или каков и да е, неразбирлив за македонскиот народ и граѓаните на оваа држава. веројатно, затоа и така поминуваат на избори. Башка, „разбирањето“ е двострано. И СДС не го разбира МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Никогаш и не го разбирал.

Прво, затоа што елитистите од СДС кои од раѓање се како „бубрежиња во лој“ немаат поим како се чувствува и што му треба на овој напатен народ. На секоја основа.

Второ, затоа што кога беа на власт видовме колку ги бива за економија и за справување со кризи. Дудуци, дунстери, ќелепури, ајвани и ред други зборови кои одлично им прилегаат во ситуацијата и начинот на кој се „справуваа“ со кризата.

Трето, затоа што македонските граѓани, за промена, имаат среќа што СДС и ДУИ сега не се на власт. Куку нас ќе беше, дури тогаш ќе видевме што е криза. Не мора подалеку, сетете се само на стандардот, инфлацијата и цените во корона-аздисот на Венко и Зоран…

Можеби е вистинско олеснување што има примирје на Блискиот Исток.

За граѓаните, значајно е што ќе падне нафтата.

За власта, олеснување на товарот на кризата и последиците од неа, за да се фатат со обновата на девастираното од СДС.

За Венко и Заев, што пак ќе можат да се журкаат во дубаи.

Секој со својата мака…