Имавме можност да дискутираме за сите цели на способност како и за планот за наредните 10 години, рече во Тема на денот министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Разговаравме за најважното прашање би рекол, 3,5% за наредните 10 години да се издвојуваат средства од БДП, што е навистина сериозна работа, круцијално прашање. Разговаравме за начинот како би стигнале во наредните 10 години, направивме целосен осврт во што ќе вложуваме директно во армијата, односно преку министерството за одбрана. Еден нов план, презентиравме за наредните 10 години колку ќе се зголеми буџетот и што ќе се купува во перидот што следи, истакна Мисајловски.
Мисајловски најави историски години за модернизација на македонската армија.




