Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во Скопје, кое се случи за време на велигденските празници.

„Овој чин е целосно неприфатлив и заслужува најсилна осуда, објави 4news.mk. Во нашето општество нема место за вакви дела“, порача Муцунски.

Тој информираше дека надлежните институции веќе започнале истрага за случајот и нагласи дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Воедно, министерот потенцираше дека Македонија останува посветена на вредностите на толеранција, соживот и мултиетничка хармонија.