Паниката и газдинскиот наратив кои СДСМ и Филипче им ги импутираат на ТВ Алфа, е всушност проекција на паниката  и газдинскиот комплекс во нивни редови, изјави во „За или против“ претседателот на МААК Страшо Ангеловски, кој во интервјуто со Љупчо Цветановски вели дека Фројд работи кај Венко и врхушката затоа што тие сметаат дека ако тие имаат газди, сите мора да имаат газди.

„Љупчо, јас ќе се обидам во една реченица да го искоментирам, Фројдовска е таа работа. Човекот кој има газди, смета дека сите имаат газди и така и размислува. Дека, ете – вашите газди ќе ги снема и толку од вас. Затоа што тие сметаат дека секој мора да има газда над себе, така како што имаат тие, така како што примаат наредби или сугестии или што и да е однадвор. На крајот на краиштата  – промената на името, Договорот со Атина, Договорот за „добрососедство“ со Бугарија, сето тоа беше испорачано на барање на нивните газди однадвор“, посочи Ангеловски.

„Јас постојано за СДСМ пишувам дека „За добар слуга нема лош господар“. И тоа, чинам, е доволно за да го искоментираме, се’ поонатаму ќе значи давање на премногу значење некому кој тоа значење не го заслужува“, потенцира претседателот на МААК во „За или против“.